Американскиот дипломат Џејсон Риф ја убил сопругата Лола Гуломова и потоа извршил самоубиство.
Брачниот пар бил пред развод, а според американските медиуми, ситуацијата меѓу сопружниците ескалирала кога таа прифатила четиригодишен мандат во Амбасадата на САД во Белград..
Риф бил многу вознемирен кога дознал дека Гуломова го прифатила мандатот, што требаше да почне следното лето, и дека планира да замине заедно со двете ќерки.
Нивните деца не биле дома за време на убиството.
Гуломова била родена во Таџикистан, каде некогаш се занимавала со танц. Таа работела и во американската амбасада во Москва.





