Американец бара молк од Брнз за да не го урива кредибилитетот на САД меѓу Македонците

Продуцентот на филмот ,,Името е име” и американски поддржувач на Македонија и Македонците, Џејсон Мико, реагира на изјава на американската амбасадорка во Скопје.



Кејт Мери Брнз вчера објави дека со министерот за надворешни работи потпишала американска донација за владеење на правото во Македонија.

,Денеска се сретнав со министерот Османи за да објавам дополнителна американска поддршка за владеење на правото со 4,3 милиони американски долари финансирање преку. Преку американско – македонскиот Стратешки дијалог, нашата соработка и партнерство стануваат посилни и подлабоки”, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.

На изјавата на Брнз реагира Мико кој смета дека со своите изјави амбасадорката го влошува имиџот на Америка меѓу Македонците без да прецизира дали мисли на сите нејзини изјави или на посебен дел од нејзината последна изјава.

,,Те молам престани да зборуваш и да твиташ, Кејт. Со тоа постојано го нарушувате кредибилитетот на нашите Соединети Американски Држави кај Македонците”, пишува Мико кој го користи хаштагот #Македонија