Американците знаеле за плановите на Пригожин и за бунтот против Москва


Неименувани американски претставници, кои билеинтервјуирани од Њујорк тајмс, изјавија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и воените команданти биле информирани за подготовките што ги направил шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, – уште во средата.



„Њујорк тајмс“ во саботата објави дека американските разузнавачки агенции имаат силни сомневања дека Евгениј Пригожин имал намера да направи значаен потег против руската влада, само неколку дена пред шефот на Вагнер да им нареди на неговите војници да маршираат кон Москва.

САД одложија нови санкции против „Вагнер“ – не сакаат да фаќаат „руска страна“

Информацијата ја дадоа извори од американски разузнавачки служби, цитирани од весникот.

И Си-Ен-Ен објави дека претставници на разузнавањето од САД и други западни земји знаеле дека лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, „собира оружје и муниција“.

Телевизијата цитира тројца неименувани информатори. Додека тие имале „знаци“ кои сугерираа дека тој се подготвува за пресметка со руското воено раководство, брзата ескалација, вклучително и движењето на Вагнер кон Ростов, изненади некои западни разузнавачи.

Во меѓувреме, американските конгресмени биле информирани за сомнителните потези на „Вагнер“ претходно во текот на неделата, но тогаш не беше познато дали постои реална закана за највисоката руска војска, велат два од изворите.