Просечната цена на галон гориво во САД на национално ниво достигна 5 долари и наскоро би можела да го надмине историскиот рекорд поставен во 2008 година.
Цената на бензинот во САД продолжува да расте до над пет долари, бројка што се покажува неверојатно скапа за американските семејства и што претставува просечно зголемување на цената на галон гас од речиси два долари споредено со пред една една година.
Откако американската потрошувачка инфлација го достигна највисокото ниво во последните 40 години, просечната цена на галон (3,8 литри) обичен безоловен бензин во САД на 9 јуни достигна рекордно високо ниво од пет долари.
Цените на бензините дрaстично пораснаа по руската инвазија на Украина на почетокот од оваа година, посочува весникот, додавајќи дека и онака малите резерви на нафта се уште повеќе исцрпени и без знаци за олеснување.
Во мрачните вести за возачите, „JP Morgan“ предвиде дека просечната цена на бензинот може да достигне 6,20 долари за галон до август оваа година, под претпоставка дека нема брзо решение за факторите кои моментално го поттикнуваат растот на цената….







