Граѓаните на САД претпочитаат претседателски кандидат Џо Бајден да победи на претседателските избори во ноемви и сметаат дека сегашниот шеф на државата Доналд Трамп не успеа да се справи со епидемијата на корона вирус.
Дури 56 % од граѓанството смета дека Бајден покажува поголемо „сочувство“ за време на кризата, споредено со 36% од испитаниците кои рекле дека Трамп го има овој „квалитет“.
Ова е јасно од резултатите од телефонската анкета спроведена од Фокс њуз од 12 до 15 јули.
Според анкетата меѓу регистрираните гласачи, предноста на Бајден е осум поени поголема од Трамп – 49%, додека 41% од испитаниците биле за Трамп.
Како и да е, обајцата кандидати за претседател на земјата засега не ја надминуваат бариерата од 50 проценти, а 10% од испитаниците рекоа дека не можат да се определат.






