Американската амбасада во Атина, издаде предупредување за зголемени безбедносни мерки во Грција за претстојните празници поради заканите од терористички организации и поединци, јави дописничката на МИА од Атина.
„За време на празниците, безбедносните мерки во Грција остануваат зголемени поради континуираните закани од интернационални терористички организации и поединци инспирирани од насилна екстремистичка идеологија низ Европа.
Насилните екстремисти продолжуваат да се фокусираат на локации како што се божиќни празнични базари, трговски центри, аеродроми, клубови, ресторани, места за богослужба, транспортни центри и други места што ги посетуваат туристите“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Грција.





