Американците предупредени да не патуваат во Грција

Американските центри за контрола и превенција на болести ги предупредија граѓаните да не патуваат во Грција, Ирска, Иран, американските Девствени Острови и други дестинации поради зголемениот број случаи на Ковид-19 на тие места.



На списокот на таканареченото Ниво 4 со препорака „Не патувајте“ се и Либија, Казахстан, Андора и Лесото, Свети Бартоломеј, Мартиник, Малта, Островот Ман и Курасао, пишува Катимерини.

Во почетокот на април, Стејт департментот наведе 34 земји на „Ниво четири: Не патувајте“, а потоа додаде повеќе од 100 земји за подобро усогласување со Центрите за контрола и превенција .