Администрацијата на Бајден планира да ги повика сите Американци да добијат дополнителна доза од вакцината против Ковид-19 оваа есен, со цел да се спречи новиот бран на инфекции, изјави вчера претставник на Белата куќа.
Според него Центарот за контрола и превенција на болести известува за зголемување на инфекциите и приеми во болниците поради ширењето на коронавирусот, но додаде дека вкупниот број на заразени е сè уште низок.
Во четвртокот, Модерна соопшти дека првичните податоци покажуваат дека нејзината нова вакцина против Ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусот „Ерис“ и „Форнакс“ кај заразените лица.
Moderna, Novavax, Pfizer и германскиот партнер BioNTech SE создадоа верзии на нивните вакцини Covid-19 насочени кон подваријантата XBB.1.5.
Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и Европа, компаниите очекуваат нови верзии на вакцината да бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.
„Ќе ги охрабриме сите Американци да добијат нови дози за заштита од коронавирусот покрај вакцините против грип и респираторен синцицијален вирус“, рече претставникот на Белата куќа.







