Американците не сакаат војна со Русија поради Украина

Речиси половина од испитаници во САД се изјаснија против војна со Русија со цел „да се заштити територијалниот интегритет на Украина“. Ова го покажуваат резултатите од социолошкото истражување објавено во петокот.



На прашањето „Ако Русија повторно ја нападне Украина, дали поддржувате или се противите на САД да се борат против Русија за да го заштитат територијалниот интегритет на Украина?“ 28% од испитаниците иодговориле дека се „строго против“, 20% се „донекаде против “.

Само 9% рекле дека се „ЗА“, а 18% „донекаде“.

24% од испитаниците не дале дефинитивен одговор на прашањето. Истражувањето опфатило 1.000 американски корисници на Интернет.

Резултатите од истражувањето беа објавени особено во весникот Политико.