Американската јавност е се покритичка кон постапките на Доналд Трамп против Иран, откако американскиот претседател нареди ликвидација на моќниот ирански воен командант, а мнозинството возрасни Америјканци стравуваат дека двете земји би можеле да влезат во војна во блиска иднина.
Анкета на Ројтерс и на „Ипсос“ покажува дека 53 проценти од возрасните во САД не го прифаќаат начинот на кој претседателот Доналд Трамп го третира Иран, што претставува зголемување од околу девет проценти во однос на слична анкета направена кон средината на декември.
Бројот кој „цврсто не го одобрува“ делувањето на Трамп во Иран – 39 проценти, што е пораст од 10 проценти
Анкетата спроведена од 3-6 јануари, покажа дека 41 процент од испитаниците сметаат дека Иран е „непосредна закана“ за Соединетите држави, што претставува зголемување за 17 проценти во однос на сличното истражување спроведено во мај 2019 година.
Дури 71 процент од Американците стравуваат дека САД ќе влезат во војна со Иран во текот на следните неколку години, што претставува зголемување од 20 проценти во однос на изборите во мај.





