Американците добија совети викендов да ги избегнуваат големите француски градови.
Американското дипломатско претставништво во Франција предупредува на ризик од „тероризам” и „нарушување на граѓанскиот ред”, но и на „собири” оваа недела „кои можат да станат насилни” во контекст на вториот круг на претседателските избори, јави дописникот на МИА.
Амбасадата ги повика сите свои вработени да избегнуваат места за собири овој викенд, наведувајќи ги главните градови каде што се очекуваат големи собири, со природата на нивните барањата. Во Лион, на пример, амбасадата ги пријави демонстрациите во саботата „против Макрон”, како и оние на „антифаш” во Стразбур.
Во претходната белешка објавена на 20 април, американските власти предупредија за ризиците од „тероризам” и „нарушување на граѓанскиот поредок”. Од една страна, „терористите можат да нападнат на туристички места, во средства за транспорт, трговски центри итн”, се предупредува во белешката. 
foto freepik.com





