Американци од ,,Црната листа” на САД во Скопје чешлаат криминал, потврдена информацијата на Заспиј ако можеш

Потврдена е информацијата на емисијата Заспиј ако можеш од пред 8 дена во која Горан Момироски најави дека претставници на OFAC (Канцеларијата за контрола на странски ресурси) при министерството за финансии доаѓа во Македонија за да провери кој и зошто во Македонија ја урива американската ,,Црна листа”.



Денеска амбасадорката на САД Ангела Агелер објави дека ,,Тимот за санкции” односно луѓе од OFAC кои се надлежни за црната листа со лица и организации кои се санкционирани или блокирани од Америка, се во Скопје барајќи одговори од македонските фактори.

Агелер најавува дека тимот за Црната листа поагресивно од предходно ќе ги третира сите корумпирани актери вклучително и тие што се сега на власт односно СДСМ и ДУИ.

,,Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот”, пишува Агелер чија објава треба да загрижи стотици луѓе инволвирани во корупција и криминал.