Американскиот претседател Доналд Трамп објави привремена забрана за сите летови од континентална Европа во САД, освен од Велика Британија, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според „силните, но неопходни“ ограничувања нема да важат за Велика Британија, која има 460 случаи на вирус.
Иако Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната.
,,За да не влезат заразени патници од корона вирус на територија на САД, во наредните 30 денови се забрануваат сите патувања од Европа во САД“-рече во телевизиско обраќање американскиот претседател.
Забраната се воведува од петок на полноќ.
Во САД има 1.138 регистрирани случаи на КОВИД 19, а досега починале 38 лица.




