Убиството на иранскиот генерал Сулејмани со американски дрон, пшредизвикува страв дека воената акција одобрема од поретседателот Доналд Трамп, може да доведе до целосна војна меѓу Иран и Соединетите држави.



Вчера во 70 американски градови, но и во Канада, се одржаа протести во кои ја осудија акцијата на американската администрација.

Протестите беа организирани од страна на Коалицијата „Делувај сега за да запре војната и крај на расизмот“ (Act Now to Stop War & End Racism (ANSWER).

„За сите што веруваат во мир, за сите што се спротивставуваат на друга катастрофална војна, сега е време да преземеме акција“, се вели во декларацијата на групата.

Во Вашингтон, демонстрантите ја повикаа владата да го напушти Блискиот исток, јавува Си-Ен-Ен.