Америка ја враќа смртната казна

САД планира да ја обнови смртната казна за федерални затвореници по 16-годишна пауза, со план во наредните месеци да ја примени казната на пет затвореници, осудени поради убиство, соопшти денес Одделот за правда, јави „Гласот на Америка“.



Федералното биро за затвори прифати вид дрога за извршување на казната, која моментално се користи во неколку сојузни држави.

Три од егзекуциите се закажани за декември, а две за јануари 2020-та.

Одделот за правда најави дека дополнителни смртни казни ќе бидат закажани за подоцна наредната година.

Последната федерална смртна казна беше спроведена во 2003-та година, за случај со воен ветеран кој беше осуден за киднапирање и убиство на 19 – годишен војник.