Америка го ,,зацрни”, на Мерко не му фали влакно од главата – ќе гледаме ли понижување на Агелер?

Одлуката на американскиот Стејт Департмент да се стави високиот функционер на ДУИ Рамиз Мерко на ,,Црната листа” освен што има политичка симболика и административна осуда нема никаква реална правна последица врз еден од најблиските соработници на лидерот Али Ахмети.



Американската одлука, освен што оневозможува издавање на американска виза која Мерко воопшто не ја барал и воопшто не планира да патува во САД, нема други политички, правни и кривични последици по Мерко.

На градоначалникот на Струга воопшто не му е конфискуван имот, ниту му се блокирани средства како што тоа се случува со голем број други луѓе на црната листа на САД (OFAC) на американското министерство за финансии.

Против Мерко ниту во САД ниту во Македонија воопшто нема покренато обвинение иако американските истражители со месеци работеле на неговиот случај а речиси е неверојатно дека амбасадорката Агелер не му кажала ништо на премиерот Ковачевски или вицепремиерот Груби за досието на Мерко што го води Стејт департментот.

Против Мерко нема ниту една пресуда во било кој степен пред се благодарение на малиот број на процесирани кривични пријави против него, само една од 14. Јавна тајна е дека СДСМ и ДУИ имаат целосна контрола на правдосудството кое не го гони Мерко.

Во одлуката на Стејт департментот воопшто не се посочени судиите и обвинителите кои дозволиле негова неказнивост.

На Мерко не му е одземена акредитацијата за Меѓународниот универзитет во Струга.

Владата не го менува министерот за образование кој е предлог на Мерко и под чија контрола е државниот просветен инспекторат кој треба да изврши контрола во Меѓународниот универзитет во Струга

Мерко како кадар на ДУИ се уште е градоначалник на Струга.

Практично Рамиз Мерко и молкот на Мала Речица е доказот дека е погрешна теоријата дека ДУИ е под контрола на американската амбасада во Скопје.

Според поведението на владата и ДУИ токму амбасадата на САД и амбасадорката Агелер станаа заложници на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби.

Мало потсетување на претходниот висок кадар на ДУИ на црната листа на САД пратеникот Џевад Адеми ќе покаже дека тој не беше сменет и остана пратеник до крај на мандатот во Собранието.

Дали сега амбасадорката Агелер и амбасадата на САД ќе го премолчат понижувањето што веќе 36 часа им го прават ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби кои молчат, е прашање за кое ќе добиеме одговор во наредниве денови.