Пратеѝникот и петседател на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, вели дека останува во коалиција со СДСМ и ги отфрли како лажни шпекулациите дека преговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
„Чиста лага, ни преговарам ни имам нешто со нив. Во коалиција сум со СДСМ и останувам со него и понатаму. Паролата на Сојузот на Ромите секогаш е дека сме со власта. ‘Титаник’ пропадна, па преминав на другиот брод“, рече Бајрам на енешната прес-конференција закажана со цел да ги демантира шпекулациите.
Дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, сепак ќе коалицира тој одговори:
„За тоа – потоа…“





