Член на Централниот одбор на Сојузот на ромите денес на својот Фејсбук профил објави дека за претседател на Македонија ќе го кандидираат Амди Бајрам.
„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата на Фејсбук на Аднан Мемеди член на партијата на Амди Бајрам СРМ.





