Украинскиот премиер Денис Шмихал даде рок од две години за обезбедување членство во ЕУ, кој сигурно ќе доминира во дискусиите на овонеделниот историски самит ЕУ-Украина, првиот што ќе се одржи на украинска територија.
Проблемот е што, никој во ЕУ не мисли дека ова е реално, оценува Политико.
„Имаме многу амбициозен план да се приклучиме на Европската унија во следните две години“, изјави тој за Политико.
„Значи, очекуваме дека оваа година, во 2023 година, веќе можеме да ја имаме оваа претходна фаза на преговори“, рече тој.
Ова фрла ракавица на естаблишментот на ЕУ, кој се обидува да го задржи украинското членство како подалечен концепт.
Францускиот претседател Емануел Макрон минатата година рече дека може да поминат „децении“ пред Украина да се приклучи на ЕУ.
Дури и лидерите на ЕУ, кои го поддржаа доделувањето на статусот кандидат на Украина на самитот минатиот јуни, приватно признаваат дека изгледите за приклучување на земјата навистина се многу подалеку од неколку години, и можеби е една од причините зошто тие на прво место ја поддржаа идејата, пишува Политико.
На крајот на краиштата, земјите кандидати како Србија, Турција и Црна Гора чекаат многу години, А Анкара дури од 1999 година…







