Амбасадорот на САД во Косово: Не поддржуваме ниту „голема Албанија”, ниту „голема Србија”

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер денеска во Приштина изјави дека САД не поддржува ниту „голема Албанија“, ниту „голема Србија“, пренесуваат косовските медиуми.



https://www.kosovo-online.com/en/news/politics/hovenier-we-do-not-support-either-greater-albania-or-greater-serbia-16-8-2023

На брифинг со новинарите тој вели дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на секоја земја од западен Балкан.

„Соединетите американски држави не поддржуваат „голема Албанија“ или „голема Србија“ ниту прекројување на државните граници на Балканот. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од западен Балкан вклучително и Косово“,изјавил Ховениер.

Денеска за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на македонска територија каде се вееше знаме на „голема Албанија” реагираше и амбасадата на САД во Скопје.