Амбасадорот на САД во Атина Џефри Пјат имал итна средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас која што бриселскиот медиум со силни врски со Грција Нова Европа ја става во контекст на реакцијата на портпаролката на владата на Грција Пелони за изјавата на Заев за македонската фудбалска репрезентација
“Интересно е што американскиот амбасадор во Грција одржа итен состанок со грчкиот министер за надворешни работи еден ден по изјавата на Пелони, а Министерството за надворешни работи посочи дека ситуацијата на Западен Балкан е меѓу дискутираните прашања”, пишува порталот Нова Европа во анализата на состојбите меѓу Македонија и Грција каде се појавиле тензии.
„Врз основа на моментумот на многу успешната посета на претседателот на САД Бајден на Европа минатата недела, беше одлично да се сретнеме со Никос Дендијас за да разговараме за тоа како можеме да ги унапредиме нашите безбедносни односи и нашите многу заеднички интереси во регионот, вклучително и засилен ангажман на Западен Балкан “, твитна Пјат по состанокот, пренесува Катимерини.
Што точно е разговарано за Западниот Балкан и дали навистина како што индицира Нова Европа итната средба била за последниот конфликт меѓу Атина и Скопје не открива ниту еден од медиумите или институции.
Што му забележа Атина на Заев
Охи Македонски: Владата на Мицотакис не му дава на Заев да ја користи придавката






