Амбасадорот на Кина во Белград Ли Мансанг вели дека решавањето на косовското прашање е најважно за Србија и нејзиниот територијален интегритет.



Тој смета дека не треба да има рокови за да се реши такво големо прашање.

Тој  изјави дека Кина чекала речиси 100 години за да го реши прашањето на Хонг Конг во 1997 година, кога била вратен кон матичната земја, а исто така и за Макао.

„Во Хонг Конг беа  Англичаните, а во Макао, Португалците“, вели Ли.

Тој додава дека Кина, која е една од петте постојани членки на Советот за безбедност , сé уште не го решил својот најголем проблем, провинцијата Тајван.