Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, ја нарече срамна резолуцијата на ОН, која повикува на „итен, траен и одржлив хуманитарен прекин на огнот“ во Газа. „Срам да ви е. Ова е црн ден за ОН и човештвото“, рече тој.
„Оваа смешна резолуција наводно повикува на примирје. Нејзина цел е Израел да престане да се брани од Хамас за да може да не запали живи, рече тој.
Американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд рече дека документот ја легитимира бруталноста на Хамас.
Четиринаесет земји гласаа против резолуција.
„Резолуцијата испраќа силна порака дека навистина е доволно. Оваа војна мора да престане, масакрот врз нашиот народ мора да престане, а хуманитарната помош мора да почне да влегува во Појасот Газа“, изјави за новинарите палестинскиот претставник на ОН Ријад Мансур.
Резолуцијата беше усвоена во време на зголемени израелски напади врз Газа, што многумина го гледаат како почеток на копнена инвазија во областа.






