Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир, ги симна дипломатските ракавици и ја употреби формулацијата „македонска фудбалска репрезентација“ во честитката за историскиот пласман на Европското првенство.
„Честитки до македонскиот национален фудбалски тим вечерва за пласманот на Европското првенство! Многу среќа и успех во следните натпревари“, објави Гир на Твитер, што наиде на огромни симпатии кај македонските корисници на социјалната мрежа.





