Евроамбасадорот Дејвид Гир, во неделното интервју на Радио Слободна Европа одбива да да го коментира скандалот со издавањето пасоши со туѓи идентитети, бидејќи се работи за случај во истрага, но е дециден дека е прерано за коментари дали тоа го загрозува или безвизниот режим на земјава.



„Се надевам дека разбирате истрагата е во тек. Нема да го коментирам тој специфичен случај… Многу е важно кога има наводи за погрешно постапување тие да се ефективно истражени. Ако има докази спрема одредена индивидуа, судскиот процес да може да се спроведува навремено и на ефективен начин и во согласност со меѓународните стандарди.

На ова прашање имаше многу шпекулации во медиумите. Јас видов разговори за безвизниот режим. Точно е дека безбедноста на документите е важен репер во набљудувањето на спроведувањето на безвизниот режим.

Но, мислам дека е комплетно прерано да почне да се зборува дали ќе има или не влијание врз безвизниот режим. Ако имате наводи за безбедноста на документи важно е како државата се справува со тоа, како судскиот систем ќе управува и доколку има погрешното постапување да се справи со тоа. Ако има дупки тие да се затворени. Мислам дека тоа е случајот, а не безвизниот режим.– вели Гир за Радио слободна Европа.