
Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека ако не поминат уставните измени ќе се одложи процесот на интеграцијата во ЕУ, ама не спомнува запирање.
– Доколку не се усвојат уставните измени, во тој случај ќе се одложи процесот на интеграција во ЕУ. Што значи дека некои други држави ќе бидат во можност да одат напред, што значи практично дека ќе Ви треба повеќе време за да станете членка на ЕУ“, вели Гир за „Прес24“.
Тој додава дека ЕУ нема да исчезне за Македонија, додавајќи дека ќе продолжи да го поддржува реформскиот процес на државата.
„ЕУ нема да исчезне. Ние остануваме тука со Вас, да го поддржиме реформскиот процес и ние сме тука да помогнеме на сите кои сакаат оваа земја да има европска иднина“, додаде Гир.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан текстот на владиниот предлог за уставни измени го оцени како „тотално неразумен и неприфатлив“.
Од власта пак сметаат дека се уште има време за менување на ставовите на пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова прашање.





