Евроамбасадорот вели дека нема увид на имиња на поединци кои би можеле или не би можеле да бидат на „црните листи“, односно да бидат цел на санкции, одговарајќи денеска на новинарско прашање.
Амбасадорот Дејвид Гир беше запрашан дали Брисел има некакви сознанија за случај на висока корупција во земјава, а во контекст на најавите на во контекст на најавите на американската амбасадорка во земјава дека на „црната листа“ на САД ќе се најдат едно до две имиња од земјава..
Амбасадорка на САД Анџела Агелер вчера изјави дека не постои само една, туку повеќе видови листи за санкции.
Процесот на креирање на овие листи,според неа, е постојан и бара време зашто на Вашингтон му треба време да се осигура оти на листата нема да се најде некој кој таму не припаѓа.







