Американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер вчера откри тајна која владата досега не ја открила пред пред јавноста.
Во интервјуто за МИА американската амбасадорка направи досега невиден дипломатски преседан со нападот врз ВМРО-ДПМНЕ од каде се противат на корупцијата во договорот со Бехтел и Енка и откри нешто што владата не го објавува.
Во интервјуто Агелер вели дека мисли дека ,,разговорите се уште траат”, иако владата преходно рече дека договорот со Бехтел и Енка е завршена работа и не може да го спречи ниту ,,Свети Мицко”.
Според контекстот на интервјуто Агелер зборува за тајни разговори меѓу владата и Бехтел и Енка или пак за некои други разговори за кои јавноста нема информации.

Иако амбасадорката тврди дека процесот со Бехтел и Енка е транспарентен таа не дава одговор како може процесот да биде транспарентен со таен договор и зошто владата упорно ги крие договорот.
Наместо Агелер која најави битка со корупцијата да побара расчистување на сите спорни делови од договорот во кој има сериозни индиции за корупција таа остро ја нападна ВМРО-ДПМНЕ која се противи на сомнителниот договор направен без тендер.
,,Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени”, нагласи Агелер во интервјуто за МИА.
Според засега објавениот дел од интервјуто за МИА амбасадорката е убедена дека процесот е чист иако договорот е таен и освен десетина луѓе од владата на СДСМ и ДУИ никој не го видел до сега.
Агелер во објавениот дел од интервјуто ја критикува опозицијата за тоа што се противи на договорот со Бехтел и Енка без да ги има сите информации за случајот. Агелер овој став го искажува иако знае дека владата не сака да го даде договорот на опозицијата тврдејќи дека Бехтел и Енка барале договорот да биде таен.
Овој став на Агелер е целосно различен од тој што амбасадата на САД го даде пред околу еден месец за новинарот на емисијата Заспиј ако можеш Горан Момироски кога практично се огради од договорот на владата со Бехтел и Енка упатувајќи ги новинарите и јавноста сите спорните прашања да ги постават на страните во договорот односно на владата и Бехтел и Енка.
Агелер интервјуто го дава за директорот на Македонската Информативна Агенција Драган Антоновски кој е именуван од владата, и кој важи за продолжена рака на СДСМ во државната медиумска агенција.
Делот од интервјуто кое го објави МИА на овој ЛИНК
Фото МИА





