Амбасадорката Брнз положи цвеќе на Меморијалниот центар на АСНОМ

Во чест на Илинден, амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз денеска положи свежо цвеќе на Меморијалниот центар на АСНОМ.



„Честит Илинден! Претставници на Амбасадата, исто така, се приклучија на официјалните церемонии во Крушево и Пелинце во чест на оние кои се бореа за независност“, се вели во објавата на фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во земјава.