Американската амбасадорка Анџела Агелер најавува нови македонски граѓани на ,,Црната листа” на САД.
По објавата на Стејт Департментот на САД дека и бизнисменот Кочо Анѓушев е на црната листа на непожелни граѓани во Америка, Агелер вели дека Вашингтон ќе ја проширува листата на корумпирани македонски граѓани.
,,Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во С. Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени”, објави Агелер.
Фото: Твитер профил амбасадорка на САД






