Амбасадорка предизвика гнев кај тие што ја плаќаат: Ниту Македонија, ниту Македонка ниту Македонска

Македонската амбасадорка во Велика Британија се пофали на Твитер дека присуствувала на церемонијата во чест на јубилејот 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора.



И додека таа Елизабета во твитот ја нарекува британска во исто време пропушта себе си се претстави како македонска дипломатка а државата која ја плаќа да ја претставува ја нарекува ,,мојата”.

,,Чест ми е да ја претставувам мојата земја и да присуствувам на роденденската парада на кралицата #TroopingTheColour2022.
Нејзиното височество Кралицата Елизабета Втора е првиот британски монарх кој прослави #Платински јубилеј по 70 години служба. Ви честитам Ваше Височество!
🇲🇰🤝🇬🇧”, пишува амбасадорката Александра Миовска.

Македонската амбасадорка која се нарекува амбасадорка на мојата земја се уште не го избришала твитот во кој коментираат и луѓе што плаќаат данок за таа да зема плата во Лондон.

Миовска ја користи навредливата фраза ,,мојата држава” иако дури и според Преспанскиот договор не е забрането на пример, да се нарекува македонска амбасадорка, дека е испратена од македонскиот народ, дека е во служба на македонските граѓани или дека пренесува поздрави од македонската држава, влада….

Твитот е само на англиски јазик а во него Македонија е застапена само со мало знаменце кое ретко кој што не е од Балканот може да го препознае која земја ја означува.