Пратеника на косовскиот парламент побарала да бидеотпуштена од работа амбасадорката Валона Читаку, откако се дозна дека Јамајка не го признала Косово, како што таа ја известила Приштина.
Имено, косовскиот претседател Хашим Тачи на социјалните мрежи во четвртокот објави дека од амбасадорката, Валона Читаку, бил известен дека Јамајка го признала Косово како суверена и независна држава.
Но, денеска стигнала вест од министерот за надворешни работи на Јамајка кој на твитот на благодарност на Тачи изјави дека Јамајка никогаш не ја признала независноста на Косово.




