Директорот на Агенцијата за национална безбедност ќе биде амбасадор во Франција, додека пратеникот од СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ, заминува во Црна Гора. Ова се двајца од четворицата нови амбасадори кои ќе пополнат испразнети места во нашите амбасади, објави денеска министерот за надворешни работи Бујхар Османи на брифинг со новинарите.
Третиот е Зулфи Исмаили, кој заминува како наш претставник во Постојната мисија во ЕУ во Брисел и Јован Манасијевски во Анкара.
Министерот уште додаде дека веќе има уште тројца кандидати за амбасадорското место во Берн, Швајцарија, и за местата генерален конзул во Минхен и во Торонто.
Но, за нив не е завршена процедурата со добивање агремани и затоа нивните имиња остануваат засега во тајност.







