Амбасадори го чистеа кејот, Шилегов ја прими пораката (ВИДЕО)

Тројца амбасадори со нивните тимови денеска го чистеа кејот на Вардар во ентарот на Скопје во рамки на еко-акцијата која трета година по ред ја организира амбасадата на Кралството Холандија заедно со компаниите „Пивара скопје“ и „Пакомак“.



Градоначалникот на Скопје ја прими порката од холандскиот, британскиот и амбасадорот на САД, Воутер Пломп, Чарлс Гарет и Џес Бејли.

„Чувствувам дека ова е порака и до мене  како градоначални и до вработените во комунална хигиена, ама и кон сите граѓани бидејќи отпадот го создаваат луѓето’ рече градоначалникот Петре Шилегов.

Тој вети дека со секојдневна работа „ќе го вратиме сјајот на кејот на Вардар“.