Амбасадор од Малта ја споредил Меркел со Хитлер!

Амбасадорот на Малта во Финска вчера поднесе оставка по критиките дсека ја споредил германската канцеларка Ангела Меркел со Адолф Хитлер, соопшти Министерството за надворешни работи на Малта, пренесува Хина.



Амбасадорот Мајкл Замит Табона , по повод 75-годишнината од крајот на Втората светска војна на фејсбук напоишал:
„Го сопревме Хитлер пред 75 години. Кој ќе ја запре Ангела Меркел? Таа го оствари сонот на Хитлер! Да ја контролира Европа”.

Замит Табона, кој беше назначен за амбасадор во 2014 година, не бил достапен за коментар, пренесува Хина.