Предлог измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи што ќе овозможат за амбасадори да се именуваат лица со двојно државјанство, по скратена постапка влегоа во Собранието.
Со постоечкото решение, кое предвидува дека лицето именувано за амбасадор треба да е државјанин само на Република Македонија, се ограничувало уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции, сметаат предлагачите на измените.
Со „измената“ ќе се избрише зборот „само“, а ќе се додаде член со кој лицето што има двојно државјанство да не може да биде именувано во онаа држава чиј пасош поседува.
Прашањето се актуелизираше откако минатата година на списокот со предлози на МНР за нови амбасадори, осамнаа имиња на лица со двојни државјанства, за кои претседателот Стево Пендаровски категорично одби да даде согласност за нивно именување, се додека постоечкиот Закон тоа не го овозможува.






