Актуелниот амбасадор на Македонија во Обединетите Нации Љубомир Фрчкоски своевремено им се заканувал на македонските Албанци дека со помош на грчката и бугарската војска ќе ги истурка кон морето каде за да не се удават ќе треба да пливаат кон Италија.
Така амбасадорот Фрчкоски кој беше поставен со амин на Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи го замислувал решението на конфликтот во 2001 година.
На социјалните мрежи во Албанија деновиве циркулира телевизиска снимка од 2001 година, на која поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски и актуелен македонски амбасадор во ООН, изјавува дека наместо да се преговара со терористите на ОНА во Македонија, подобро е да се побара воена интервенција од Бугарија и од Грција, по која, како што вели, „можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие (Албанците) ќе пливаат кон Италија“.
Политичкиот аналитичар и колумнист, Арсим Зеколи го објави на својата страница на Фејсбук ова интервју со коментар: „Секогаш кога ќе ја слушнете СДСМ-шовињаријата на Пендаровски, Зоран Иванов, Ковачевски, како попуваат за туѓи национализми, сетете се што нивниот амбасадор при ОН (и одбиен од САД) им посакува на Албанците. Македонија и особено СДСМ отсекогаш биле и остануваат тврдина на фашизмот на Милошевиќ и на Вучиќ, повеќе и од самата Србија.“
Целата сторија со видеото на Плусинфо






