Амбасадата на САД се извини: Повлечениот извештај за корупција во владата на Заев бил нецелосен

Амбасадата на САД во Скопје за 360 степени информирала дека извештајот бил повлечен затоа што бил објавен во нецелосна верзија.



“Вашингтон по грешка објави нецелосна верзија на веб-страницата на Стејт департментот и таа е отстранета, велат од Амбасадата на САД на прашањето на „360 степени“ – зошто документот не е достапен онлајн.

Стејт департментот објави, па повлече извештај, во кој нотираше дека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, но корупцијата е постојан проблем. „360 степени“ прашала во Амбасадата на САД во Скопје – зошто документот „го снема“ од веб-страницата на Стејт департментот. Од Амбасадата одговориле дека документот е повлечен, затоа што објавената верзија на Извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2021 година била нецелосна и неофицијална.

„Извештајот не е објавен официјално. Вашингтон по грешка објави нецелосна верзија на веб-страницата на Стејт департментот и таа е отстранета. Извештајот ќе биде достапен онлајн на или околу 15 јули. Се извинуваме за грешката“, одговориле од Амбасадата на САД, а извинување има и на веб-страницата, пишува 360 Степени.

Во документот, кој беше пренесен од многу медиуми во државава, беше наведено дека целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување, погодно за корупција. Стејт департментот, во таа верзија од извештајот, нотираше и дека Владата, генерално, спроведува закони, но има многубројни извештаи дека некои службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности, пишува 360 Степени во својата информација.

Според новата верзија на извештајот која ја заменува старата повлечена верзија оценката за нивото на корупција на владата на СДСМ е значително ублажена а нивото на корупција без никакви сериозни аргументи делумно се префрла на ВМРО-ДПМНЕ.

Амбасадата на САД се извини: Повлечениот извештај за корупција во владата на Заев бил нецелосен