Амбасадата на САД прати порака за уставните измени, доби спакуван случај за ,,Кланот Ахмети” (ИНФОГРАФИКА)

Амбасадата на САД во Македонија вчера испрати порака во која се апелира политичките партии да не ги блокираат уставните измени споменувајќи ги притоа клучните реформи и владеење на правото.



Амбасадата пренесе дел од пораките пратени од советникот во Стејт Департментот на САД Шоле во кои се бара влез на Бугарите во уставот што нема да влијае на правната држава.

„Иако политичките расправии и бодовите доаѓаат со демократскиот процес, изборот пред вас не смее да биде на сметка на клучните реформи и владеењето на правото. На крајот, верувам дека претставниците на народот ќе дејствуваат во најдобар интерес на земјата и ќе ја поттикнат напред“, стои во делот од интервјуто за МИА на советникот Шоле.

Во еден од одговорите на пораката која треба да биде разбрана како притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени и влез на Бугарите во уставот амабсадага преку истиот твитер профил доби речиси разработен случај со бизнисите на Кланот Ахмети кој е најдобар пример за непостоење на правната држава.

Во инфографиката доставена јавно до амбасадата на САД профилот Демир или Троловски укажува на сите бизниси и луѓе блиски на Али Ахмети кои што се поврзани меѓу себе во голем број различни бизниси.

Според инфографиката се работи за огромни бизниси со индиции за корупција и суштинско уривање на правната држава.

Со својот твит амбасадата на САД прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за уставот но со твитот кој го доби како одговор самата амбасада е под притисок да не го толерира ,,Кланот Ахмети” при уништување на правната држава.

За разлика од Рамиз Мерко кој имал 30 правосудни предмети против по што дојде на Црната листа на САД Али Ахмети се уште е еден од главните партнери на Вашингтон во земјава иако и претходно амбасадата имала сознанија за Кланот Ахмети и огромните бизниси кои ги водат најблиски луѓе на лидерот на ДУИ.

На почетокот на својот мандат амбасадорката Агелер најави беспоштедна битка против корупцијата но засега видовме само еден човек на ДУИ на Црна Листа и ниту еден в затвор.

Ќе ја премолчи ли амбасадата оваа ИНФОГРАФИКА на која се објаснети сите индиции за корупција и криминал на Кланот Ахмети за кои детали објавува и емисијата КОД на Снежана Лупевска.

Скапиот Ролс Ројс на сватот на Ахмети отвара и други чудни трансфери и државни бизниси со пченица и бензин, открива Телма