Како да не се доволни тензиите меѓу Македонија и Бугарија која тврди дека Македонците се исто што и Бугарите во сликата се вклопува и Пакистан чии дипломати тврдат дека во Македонија живее пакистанска дијаспора.
,,Сите членови на заедницата кои имаат какви било поплаки или сугестии во врска со работата на Амбасадата или воопшто за благосостојбата на пакистанската дијаспора во Бугарија и Македонија се добредојдени да ја посетат амбасадата и да се сретнат со амбасадорот во оваа насока”, објави пакистанската амбасада во Софија без да наведе колкав број на Пакистанци живеат во Македонија.
Последната група Пакистанци во Македонија за кои знае пошироката јавност беа седумтемина несреќни мигранти кои пред дваесет години беа свирепо убиени во акција кај Раштански лозја со која координираше тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски по што тој се обиде да прикаже пред светот дека биле убиени терористи.





