Амбасадата на САД во Скопје ги оцени како „важен чекор за демократијата“ одржаните вонредни парламентарни избори во Македонија.
„Би сакале да ја изразиме нашата благодарност до ОДИХР за нејзините првични наоди за парламентарните избори на 15 јули тука.
Исто така сакаме да оддадеме признание за огромните напори на официјалните лица задолжени за изборите, кои обезбедија, и покрај тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите, и на персоналот на гласачките места, и на набљудувачите.
Како први општи избори одржани во Северна Македонија по влезот во НАТО и поканата за почнување пристапни преговори со ЕУ претходно годинава, овие избори претставуваат важен чекор за демократијата“, се вели во соопштението на американската амбасада во Македонија.





