Американската амбасада го демантира Уставниот суд дека наводно ги охрабриле и дека дале одобрување за зголемување на платите на уставните судии за 35 проценти.



Амбасадата за Алсат демантира дека била дел од некаков процес во кој се одлучувало на основните плати од над 90 илјади денари, уставните судии да си додадат додатоци од 30 илјади денари плус.

Во соопштението на Амбасадат се вели:

„Амбасадорот нема ниту улога, ниту желба да се занимава со работи што се однесуваат на администрацијата на Уставниот суд или кој било друг суд во с Македонија. Амбасадорката Брнс се сретна со претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во јануари 2020 година. Амбасадорката изрази поддршка за важната работа на Судот и неговото значење за владеењето на правото и демократскиот напредок на с Македонија.“

Уставен суд вчера тврдеше дека силна поддршка за зголемувањето на платите дошла од некои амбасадори, меѓу кои и оние на САД и на Европската комисија во земјава. Уставните судии тврдеа дека на некои дипломати им презентирале дека треба да земаат повеќе пари за да бидат независни и непристрасни.

Од Алсат денеска ја прашаа и амбасадата на Европската комисија дали ова тврдење е точно, но одговор не добиле.