Амбасада на САД: Да се истражат сите прашања за несоодветни владини набавки и постапувања во случајот Бехтел и Енка

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“.



Ова е одговорот за Македонската Информативна Агенција од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“.

Во изјавата Ковачевски побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“.

„Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

Ако има истрага за организиран криминал таа треба да ја води Ислам Абази човек на ДУИ кој го води обвинителство за организиран криминал чиј избор од страна на Амбасадорката Агелер беше оценет како многу сомнителен.

Предходно завчера американската амбасада за емисијата Заспиј ако можеш изјави дека САД не е страна од договорот и сите прашања треба да се упатат кон владата и Бехтел и Енка.

Прашајте ги владата и конзорциумот, САД се огради од договорот со Бехтел и Енка (ВИДЕО)