Познатата новинарка на Си-ен-ен Кристијана Аманпур се извини откако во нејзина емисија го спореди мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп со нацистичкиот погром врз Евреите познат како „Кристалната ноќ“.
Таа минатата недела таа изјави дека нападите од претседателот Трамп се напади врз историјата, фактите, знаењето и вистината, како што тоа бил геноцидот врз Евреите.
Таа на почетокот од емисијата за настаните во светот на 12 ноември изјави дека поминале 82 години од Кристалната ноќ, која доведе до геноцид. Аманпур потсети на палењето на книгите, истакнувајќи дека тоа водело до напад врз „фактите, историјата и вистината“.
„Не требаше да правам споредби. Хитлер и неговите злосторства секако имаат посебно место во историјата. Жал ми е за секоја болка предизвикана од мојата изјава“, се извини Анампур.
Израелски официјални претставници ја осудија таквата споредба, истакнувајќи оти тоа е навреда на сеќавањата на холокаустот и побараа извинување.





