Аманетот од македонката чии браќа биле претепани до смрт од бугарските фашисти

Актерот и писател Сашо Тасевски раскажува за средба со внука на Македонка чии двајца браќа пред 80 години биле убиени со тепање од страна на бугарските фашистички окупатори:



Ми приоѓа жена на улица. Фармерка бели старки, бела маица. Од моја генерација. Малку помлада. Изгледа урбан максимално. Ништо откачено на неа и во неа.
Многу те почитувам за ставовите и тоа што гласно ги кажуваш, ми вели.

Добро.

Почна за Бугариве да збори. За баба и и нејзините двајца браќа убиени од нив во 1942. Тепани до смрт.

Баба и умрела пред една година на 94 години.
Неколку дена пред да умре и рекла: Ако ширигазине наши потпишат дека сме Бугари и ако сум среќна да не го доживеам тоа обележи ги со најлошото сите нив, во мене те заколнувам.

Е сега доаѓа јакото.

Бабава од баба и наследила некои хари потер вештини. И подоцна ги нашла истите способности кај внукава со бели старки и ги пренела на нејзе рецептите за магиите.
И сега оваа со белите старки ми кажуе каква клетва фрлила врз педесетина луѓе од СДС. На нив и нивните поколенија. Со имиња ги наброја. Ми рече: некои од нив лично ги знам, со некои сум учела во исто школо. Баба ми посака да, се сушат споро! Да не знаат што ги снашло.

Ја гледам и и просто не можев да издржам да не и речам: сигурна си дека ова што ми го кажа не е шизофренија?
Се насмеа. Во твој стил, затоа те ценам. А бе мене ни корона не ме фати а не па шизофренија.

Имам мој бизнис, тука ми е канцеларијата, ова другово сум била одбрана од баба ми да го на следам. Сум помагала многу на луѓе со тоа, сега за првпат за лошо го употребив.
И да ти кажам уште ова. Ќе минеме како народ низ страшни работи, ама пак ќе излеземе од тоа, ама тие скапаните меѓу нас, нема. Ќе плаќаат долго.

Така Сашо, само продужи у твој стил.
Можат да ти се фатат.
И си замина.

Ако не е шизофренија, има надеж…