Граѓани, родители на деца од основно, на социјалните мрежи реагираат на „грешките“ или подобро речено, на неписменоста на авторите на новиот учебник по историја и општество за Петто одделение.



Тие демонстрираат непознавање на факти кои спаѓаат во она што се нарекува „елементарна култура“ или што би рекле постарите – незнаење за она „што го знаат и малите деца“.

Така, за највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите пишува дека е висок 29.035 метри, а дека Мртвото Море во Израел се наоѓало на 1.400 метри под морското дно.

За последново, „авторите“ очигледно не знаат што е морско ниво…

Во двата случаи, при очигледно препишување од „Википедија“ на авторите никој не им дошепнал, поучил, упатил, дека мерките 20.035 и 1.400 се изразени во стапки (фити што би рекле англичаните) што е многу поразлично и три пати помалку од метар.

Конечно, непознавањето на странски мерки и различни податоци кои можат да се најдат на интернет сепак не го оправдува непознавањето на страните од светот:

Замислете, Македонија на Запад се граничи со Бугарија, а на исток со – Албанија.

Сепак да бидеме коректни. Србија останува на север а Грција си е на југ како што треба…