Амбасада на САД: Борбата против корупцијата и јакнењето на правото клучни за Македонија

Американската амбасада во Скопје го поздрави усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и конфликт на интереси за периодот 2021 – 2025 на вчерашната 32-ра седница на Собранието.



„Ова е важен чекор, но вистинскиот напредок ќе се мери со успешното спроведување на стратегијата. Борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото се клучни за Северна Македонија и се главен фокус на нашето стратегиско партнерство“, се наведува во објавата на Амбасадата.