Алтернатива утре носи конечна одлука дали ќе влезе во Владата

Централниот совет на Алтернатива утре во Тетово ќе донесе конечна одлука, дали партијата ќе биде дел од новата Влада. По вчерашната средба на двајцата лидери Заев и Гаши беше објавено дека е постигнат напредок, но не беше прецизирано за колку вкупно министерски и директорски места се преговара. Алтернатива е заинтересирана за здравство, образование и земјоделство, а бараат и еден вицепремиер.



Како што јавува Телма, кадровските барања Гаши ќе му ги соопшти на Заев по завршувањето на седницата на Централниот совет, по што викендов ќе се одржи уште една средба на која ќе се официјализира идната соработка на двете партии.