Алтернатива сака да ги задржи односите и соработката со Алијансата на Албанците

„По денешната одлука да стане дел од Владата Алтернатива нагласува дека имаат коректни односи со Алијансата за Албанците и дека не е исклучена можноста во иднина повторно да соработува со неа.“ – објавија ТВ21 и весникот на албански јазик „Лајм“.



Двата медиума ги пренесоа зборовите на Орхан Муртезани, портпаролот на Алтернатива: „Претседателот на Алтернатива Африм Гаши имаше средби и комуникации со сите политички актери во Македонија, вклучувајќи и со Алијансата на Албанците. Продолжуваме да ги негуваме коректните односи и во ниеден момент Централното Собрание на Алтернатива не донело одлука да се прекинат односот со ниедан политичка партија. Иднината е отворена за соработка со сите политички партии.“