„Алтернатива ја зазема функцијата на Грковска! Ова беше насловот, кој синоќа ги преплави порталите, навестувајќи дека Алтернатива може повторно да стане дел од Владата. Поради оваа причина реагираше Орхан Муртезани од оваа партија, кој на општествените мрежи ги демантираше овие вести.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Владата се плаши од Алтернатива – Муртезани: Се планира спречување на консолидацијата на албанската опозиција“.
ТВ 21 пишува: Која е причината, поради која, според Муртезани, се шират вакви дезинформации во јавноста? „Главните актери во власта имаат многу причини за страв. Една од причините е стравот од предлогот на Алтернативата да се спречи застареноста на кривичните дела од областа на политичката корупција. Затоа, голем број функционери на ДУИ и на СДСМ планираат да го спречат потенцијалот за консолидација на албанската опозиција. Но, ништо не може да ги запре процесите, кои се неопходни за промена на власта.“ – вели Орхан Муртезани.
Муртезани додава дека граѓаните се одлучни на следните избори да и ја доставаат на оваа Влада сметката за неодговорното, расипничко и корумпирано владеење, ставајќи крај на можноста за нивно враќање во Владата.
Дека не постои можност за враќање, туку можност за соработка меѓу Алтернатива, Движењето Беса и Огнената група, која веќе функционира како фракција во рамките на ДУИ, потврди и претседателот на Алтернатива Африм Гаши.
„Дали можете да кажете подиректно? Дали Алтернатива и вие како претседател би соработувале со Беса и Огнената група, ако таа се отцепи од ДУИ? Африм Гаши одговори: „Јас зборувам за политичката желба и дејствување, нешто што според нас би било успешно и како би се стигнало до целта, за која зборуваме“.
„Дали има услови за да се постигне такво нешто? Гаши вели: „Нема да има услови!“
„Значи безусловна соработка меѓу трите партии? Лидерот на Алтернатива Гаши кратко одговара: „Да!“
И претседателот на Движењето Беса Билал Касами пред извесно време изјави дека е подготвен да соработува со сите опозициски партии. „Движењето Беса е во опозиција и е подготвена да соработува со сите опозициски сили.“ – вели Билал Касами.





